Десертот може да биде здрав: Браунис со авокадо

Авокадото во овој рецепт е всушност замена за путерот/маргаринот кој оригинално би го употребиле, а кокосовото брашно, замена за бело брашно. Нo,
што е сè потребно за да се направи?

Состојки:

  • 1 големо авокадо (зрело)
  • 120 грама пире од јаболки
  • 120 грама мед
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 3 големи јајца
  • 50 грама кокосово брашно
  • 40 грама какао
  • 1 прашок за пециво

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Во поголем сад измискајте ја содржината од авокадото, пирето од јаболка, медот и ванила екстрактот.

Додадете ги јајцата едно по едно и мискајте додека смесата не стане хомогена. На крај додадете го кокосовото брашно, какаото и прашокот за пециво.

Промешајте добро и ставете ја смесата во намрсен плех или обложен со хартија за печење. Печете го на веќе загреаната рерна 25-30 минути. Оставете да се олади и исечете на коцки. Добар апетит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.