Десет деца, 10 возрасни и неподвижна старица евакуирани со чамец во Стајковци

Дирекцијата за заштита и спасување со свои вработени и тимови за брз одговор е излезена на терен и се справува со поплавите по силното невреме кое вчера го зафати Скопје и околината.

Во текот на ноќта:

-тимови со пумпи на дирекцијата од ПО Куманово дејствуваат во регионот на населба Ченто каде се испумпува вода од зафатените куќи.

-15 припадници на тимови со пумпи на дирекцијата од ПО Гостивар дејствуваат на подрачјето на населба Бутел каде се испумпува вода од зафатените куќи. Има поддршка од 3 теренски возила

-тимот за спасување од ПО Велес со чамец и 5 вработени се грижеше за евакуација на зафатеното население во село Стајковци каде е евакуирана неподвижна старица со инвалидска количка, 10 деца и 10 возрасни лица.

-Активиран е и тимот за спасување од ПО Центар со чамец и теренско возило

-Директорот и заменик директорот на ДЗС и вработените кои се наоѓаа на лице место од куќи во населба Ченто извлекоа две безживотни тела. Од овој регион се евакуирани 150 лица.

Настаната е голема материјална штета, а за жал со човечки жртви.

Во текот на денешниот ден:

-Поради настанатата состојба во населба Ченто и село Стајковци тимови од Дирекцијата заедно со припадници на Министерствата за Одбрана и Внатрешни работи вршат пребарување на теренот поради евентуално пронаоѓање на жртви. До 11:00 часот не се пронајдени нови жртви.

-Во село Стајковци тим со 11 пумпи врши испумпување на вода од зафатени куќи.

-Во населба Бутел тим од 15 луѓе и 13 пумпи работи на испумпување на вода

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите вработени ја следи ситуацијата на терен и е подготвена да ангажира дополнителни сила ако за тоа има потреба. Целата опрема за заштита и спасување на Дирекцијата е ставена во состојба на подготвеност и е достапна за брза реакција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.