Десет години од терористичките напади во Лондон

Десет годишни од терористичките напади во Лондон

Со минута молчење и прошетка на солидарност Британците денеска ја одбележаа десетгодишнината од самоубиствените бомбашки напади во Лондон, во кои загинаа 52, а повредени беа над 700 лица.

Британскиот премиер Дејвид Камерон и градоначалникот на Лондон Борис Џонсон положија венци на споменикот во лондонскиот Хајд Парк, а цвеќе на местата на четирите бомбашки напади положија преживеаните, работници на железницата и итните служби.

london-napad

Дел од жителите на Лондон, пеш го минаа патот до работните места под слоганот „Да чекориме заедно“, во знак на сеќавање на денот кога пред десет години градската подземна железница е запрена.

london

Камерон рече дека неодамнешниот масакр на 30 британски туристи во Тунис е потсетник дека „заканата од тероризам и натаму е реална, колку што е смртоносна“.

– Убиството на 30 невини Британци додека летуваа во Тунис, е потсетник на тој факт. Но, ние никогаш нема да бидеме заплашени од тероризмот, порача британскиот премиер.

Билансот на жртвите во нападот во туниското летувалиште Сус е најголема загуба на животи за Британија во еден џихадистички напад од бомбашките напади во Лондон во јули 2005 година.

Четворица британски државјани од пакистанско потекло, се разнесоа во воздух во три воза на лондонското метро и во еден автобус, за време на утринскиот метеж на 7 јули 2005 година.

Тројца бомбаши-самоубијци активираа бомби во метрото на станиците Алдгејт, Еџвер Роуд и Расел сквер.

Еден час подоцна, четвртиот бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа во двокатен автобус на Плоштадот Тависток во близина на Расел сквер.

Безбедносните служби во Велика Британија и натаму се борат со проблемот на радикализацијата која ја откри овој напад, кој не го извршија странски борци, туку четворица британски млади момчиња.

london-2 copy

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.