Десет години затвор за косовскиот имам Ќазими

Заедно со поранешниот имам на џамијата „Ел-Кудус“ во Гњилане, судот им изрекол затворски казни и на шест други обвинети лица за поврзаност со тероризам.

Во соопштението на Судот за медиумите, Илир Бериша е осуден со казна затвор во траење од осум години,Садат Топојани со седум и пол години,Бурим Балази со четири и пол години,Ј.К. четири, Л.К. со три и И.К. со пет години затвор.

Против имамот Ќазими и шесте други осудени лица, Специјалното обвинителство на Косово покрена обвинение во јануари 2015 година а тие беа уапсени во текот на 2014 година.

Ќазими се смета за блисок соработник на Лавдрим Мухаџери, од косовски Качаник, кој е водач на албанските џихадисти во Сирија,како и на неговата десна рака Ридван Хаќиви.

Ќазими регрутирал џихадисти за терористичките групи ИД и Фронтот Ал Нусра, а бил и главен поттикнувач на џихад преку јавни предавања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.