петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 0

Десет илјади мигранти спасени во Медитеранот за 48 часа

migranti

Последни вести

Околу 3.000 мигранти беа спасени вчера во Средоземното Море, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража.

Со тоа, вкупниот број спасени луѓе во изминатите 48 часа е 10.000.

Над 30 операции извршиле италијанската крајбрежна стража, Фронтекс и на воено-морската мисија на ЕУ во Медитеранот, Јунавфор Мед.

Во понеделникот крајбрежната стража на Италија координираше 35 спасувачки мисии во кои беа спасени 6.900 луѓе од 44 гумени чамци, осум мали дрвени чамци и два брода.

– Речиси 7.000 за еден ден е навистина многу. Ако не е рекорд тогаш е многу близу до рекорд, изјави портпарол на Меѓународната организација за миграција.

Најчитани вести