Десет лица повредени во напад на Палестинец во Тел Авив

Палестинец избоде со нож неколку лица во автобус во централниот дел на Тел Авив.

Напаѓачот се обидел да избега, но бил застрелан во ногата и фатен, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата Мики Розенфелд изјави дека според полицијата тоа е „терористички напад“. Силите на редот патролираат низ градот, за да спречат слични инциденти.

Претходно беше соопштено дека напаѓачот бил убиен, но информацијата не се потврди.

Според израелски медиуми, десет лица се ранети, од кои три посериозно.