Свет

Десет лица загинаа во бомбашки напади во Пакистан

Десет лица загинаа во бомбашки напади во Пакистан

Најмалку десет лица загинаа, а неколку десетици се ранети денеска при два бомбашки напади во северозападниот дел на Пакистан, објави МИА

Седум лица загинаа, а десетици се ранети при експлозија на рачна бомба во областа Таник во покраината Хибер Пахтунхва, за време на прослава на победата на еден независен кандидат на локалните избори.

Според полицијата, инцидентот се случил кога засега непознати лица ја фрлиле рачната бомба врз лицата присутни на прославата.

Како што јави Ксинхуа, други три лица загинале во регионот Јужен Вазиристан, кога бомба поставена крај патот била активирана кога крај неа минувало возило со кое патувале жртвите.

Со возилото се наоѓал локален функционер со неговите двајца синови.

Нападот се случил во местото Вана во близина на пакистанско-авганистанската граница.

Засега никој не презеде одговорност за двата напади.