Десет мртви и 30 исчезнати во бродска несреќа во Либија

Најмалку десет имигранти настрадале, а околу 30 се водат за исчезнати во бродска несреќа која се случила во водите на Либија, пренесуваат италијанските медиуми.

Несреќата се случила кога преполн брод од Северна Африка пробал да доплови до Италија, која е на 40 километри од италијанскиот брег.

Екипажот на трговскиот брод оф Сингапур успеала да извлече од море 55 лица, по што италијанската приморска служба добила извештај за несреќата.

Преживеаните имигранти навеле дека на бродот имало стотина лица.

Италијанските граничари упатиле апел до сите бродови да се упатат кој местото на несреќата и да ги побараат евентуално преживеаните патници, додаваат италијанските медиуми.