четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 2

Десет неодоливи фризури за девојчиња (ВИДЕО)

фризура

Поврзани вести

 

За вашето девојче да изгледа магично и да биде горда на својата фризура,  не е неопходно да поседувате фризерски вештини. Постојат едноставни фризури кои ќе му се допаднат на секое девојче кои и таа да изгледа како права млада дама:

Рибина коска

Доколку обичните фризури ги сметате за досадни, направете и на вашата млада дама рибина коска! Оваа фризура се прави за неколку минути, лесна е и едноставна, а кога ќе се расплете – вашата малечка ќе има бујни локни.

Еве како да ја направите оваа фризура:

Пунџа за балерини

Не е неопходно да ги знаете балеринските чекори и да имате балеринско фустанче за да на вашето девојче има убава пунџа каква што носат балерините.

Еве како да ја направите оваа фризура:

Рајф – плетенка

Последната година, оваа фризура може да се види на модните писти, на рок концерти и концерти на класична музика, на професорите – буквално кај секого. Сепак, се чини дека ваквата плетенка најмногу им се допаѓа на малите девојчиња, па затоа израдувајте ја својата ќеркичка со плетенка пред одењето на училиште или на некој детски роденден.

Како да ја направите оваа фризура:

Чворчиња на страна

Оваа фризура е едноставна и се прави полесно отколку што изгледа на прв поглед, а стручњаците се сложуваат дека е идеална за пократка коса.

Упатството за правење:

Превртено репче

За разлика од обичното коњско репче, оваа фризура привлекува многу повеќе внимание и бара цврсто стегање на косата.

Еве како да го направите:

Локни

За да добиете совршени локни, не е неопходно да ја горите косата на вашето дете со разни апарати. Направете и на својата ќерка “полжавчиња” и по некое време пуштете ги. Резултатот ќе биде неверојатно таласаста фризура која ќе предизвика насмевка на лицето на вашата ќерка.

Погледнете како да направите “полжавчиња”:

Машна-фризура

Ако вашата ќерка е фан на Мини Маус и воопшто – сака машни, нема да може да и одолее на оваа симпатична фризура.

Дознајте како да ја направите:

Срце-фризура

Секој ден може да биде денот на заљубените! Баш како што речиси сите девојчиња сакаат машни, ист е случајот и со обликот на срце, затоа не двоумете се и пробајте ја.

Дознајте како да ја направите:

Цик-цак плетенки

Старите и обични фризури со едноставен додаток може да бидат доста интересни и да ја направат вашата ќерка главна ѕвезда на роденденската прослава.

Дознајте како да ја направите:

Најчитани вести