Десет новозаразени со морбили викендов во Скопје

Десет нови случаи на мали сипаници се регистрирани викендов во Скопје, со што бројот на заболени лица се искачи на 45, а само во март има 28 случаи.

Меѓу заболените има две деца на 14 и 21-но месечна возраст. Другите осум се од 27 до 43 години. Тројца биле хоспитализирани на Инфективната клиника. Најголемиот дел од новите случаи не биле вакцинирани.

Во главниот град во четвртокот беше прогласена епидемија на мали сипаници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.