Македонија

Десет објекти под клуч – не давале фискални и продавале алкохол без бандероли

Десет објекти под клуч – не давале фискални и продавале алкохол без бандероли
Незаконска продажба на алкохол во скопски локали

Осум деловни објекти во Охрид  заработија глоби и мерки затворање во рок од 15 дена поради неиздавање фискални сметки.

Во уште други два угостителски објекта е констатирана продажба на алкохол со сомнително потекло, без бандероли, соопшти Управата за јавни приходи по денеска спроведените контроли.

Според УЈП, по инспекциските контроли викендов во Охрид и Битола затворени се вкупно 10 објекти, а во три е утврдена продажба на алкохол без бандероли поради што се повикани мобилните царински служби за натамошано постапување и презмање соодветни мерки.

Контролите ќе продолжат и во наредниот период.