Десет опасности кои не’ демнат во 2014-та година

Светскиот економски форум објави извештај за глобалните ризици кои се потенцијална закана во годината што е пред нас.

На листата се нашле ризиците од економска и финансиска природа, но и оние кои се поврзани со екологијата и климатските промени.

Фискална криза во водечките светски економии

Фискалната криза која се провлекува низ целиот извештај е најголемиот ризик оваа година. Големите економии и понатаму ќе бидат загрозени додека помалите пазари ќе забележат раст што ќе значи додавање масло на огнот.

Висока невработеност

Да се пронајде работа е подеднакво тешко и во големите и во помалите економии, а невработеноста најмногу ги погодува младите, па така во некои земјите меѓу младите има 50 отсто невработени.

Недостиг на вода

Голем е бројот  на еколошки проблеми кои ќе го отежнуваат животот оваа година, а како најголем проблем се гледа недостигот на вода, која што полека исчезнува како последица од управувањето на и така скромните резерви, но и како преголемата конкурентност на пазарите.

Нееднакви примања

Ефектот кој што финансиската криза го има на куповната моќ на средната класа во големите економски системи во комбинација со поларизацијата на приходите во помалите економии е уште еден голем ризик кој ни’ се заканува во 2014-татат година.

Неприлагодување на климатските промени

И додека со години се слушаат повиците за итни мерки за да се намали емисијата на штетни гасови, сега е потребно да се прилагодиме на климатските промени кои се насекаде околу нас. Неуспехот во прилагодувањето на тие промени најмногу им штети на помалку развиените земји.

Се’ почести екстремни временски неприлики

Како последица од климатските промени се јавуваат се’ почести екстремни временски климатски промени како што се поплави и суши. Таквите настани оваа година би можеле да предизвикаат и големи безбедносни ризици како што што е недостиг на храна и политичка и општествена нестабилност.

Пад на системот на глобалното управување

Овој ризик најмногу е поврзан со сите останати ризици од овој извештај. Слабите и неадекватни глобални институции и мрежи во комбинација со различни политички и национални интереси може да бидат пречка во соработката за соочување со глобалните ризици.

Недостиг на храна

Овој ризик е поврзан со климатските промени и екстремните временски услови кои ќе спречат производство и недостиг на квалитетни и адекватни намирници за живот.

Колапс на големи финансиски институции

И пет години по пропаѓањето на „Леман Брадерс“ многумина стравуваат за стабилноста на банките. Оваа инвестициона банка банкротираше во 2008-ма година, а постои можност ова сценарио да се повтори и со некоја друга недоволно стабилна финансиска ситуација.

Длабоки политички и социјални немири

Немирите на социјален и политички план во некое земји може да значи намалување на довербата на граѓаните на земјата што на крајот ќе резултира со насилства, глобална нестабилност, колапс на земјите, па дури и воени судири.