Десет правила на исхраната на витките Њујорчанки

Оваа моментално најпопуларна и најздрава диета е прифатена од голем број њујорчанки, затоа што во неа нема одрекувања и забрани и што е најважно нема ниту гладување:

  1. Јадете се што ви одговара;
  2. Јадете само и единствено кога навистина сте гладни;
  3. Немојте да се прејадувате, туку кога ќе почувствувате дека веќе не сте гладни престанете. Нека вашата дланка ви биде мерило за количината во чинијата;
  4. Не дозволивајте да изгладните. Меѓу јадењата се секогаш добредојдени. Ваши сојузници може да бидат крекери, костенести плодови и суво овошје. Наполнете ја чантата, автомобилот или џебовите со слатки залчиња што ќе го заситат гладот и на тој начин сте направиле многу за себе си;
  5. слушајте го вашето тело и јадете го само она што ви одговара и кога ви одговара, што значи дека ако сакате да јадете нешто и околу 22 часот слободно грицнете нешто. Истото важи и за десертите и слатките залчиња како што се пудингот и чоколадата, но во мали количини (само еден ред чоколада, а не цела).
  6. Поедноставете ги оброзите. Докажано е дека колку е поголем изборот на храна, толку повеќе ќе изедеме. Колку е поголема понудата, толку е поголем предизвикот. Задржете се на едноставни комбинации на храна или пак на истата вечера се додека не ви здодее.
  7. Немојте да бегате од протеините и од целите житарки. Лебот, оризот и тестенините не ви се непријатели, туку напротив тие се идеални за комбинирање и смислување оброци. Избегнувајте ги само белите намирници (ориз, тесто, леб, односно бело брашно).
  8. Уживајте во зеленчук секој пат кога ќе можете;
  9. Решете се од брзата храна, затоа што таа е вашиот најголем непријател;
  10. Воведете во вашиот живот малку повеќе физичка активност. Секој облик е добредојден.