Десет припадници на ИД приведени во Турција

Турската полиција денеска соопшти дека при рација во провинцијата Сакарја, во северозападна Турција, привела 10 припадници на екстремистичката група Исламска држава (ИД).

Турските медиуми наведуваат дека се претпоставува оти приведените припадници на ИД се државјани на Турција.

Полицијата минатиот месец упаси петмина Турци осомничени дека се припадници на ИД, откако властите објавија дека стотина турски државјани им се приклучиле на џихадистите во Сирија и Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.