Десет професии со најголем број алкохоличари

Резултатите на неодамна спроведените истражувања од страна на американскиот портал Статиста покажаа дека најголем број алкохоличари е застапен во сферата на рударството – 17.5 отсто од вработените во оваа приватна гранка признале дека изминатиот месец се опијаниле барем еднаш.

Експертите веруваат дека поврзаноста помеѓу оваа професија и прекумерното конзумирање алкохол се крие во големото ниво на стрес на работното место, како и мрачното опкружување и тешките и ризични услови за работа кои работниците ги поттикнуваат на вртење кон алкохолот.

Погледнете како изгледа листата на десет професии во рамки на кои луѓето најмногу конзумираат алкохол:

1.Рударство 17,5 проценти

2.Градежништво 16,5 отсто

3.Угостителство 11,8 отсто

4.Уметност, забава, рекреација 11,5 отсто

5.Комунални услуги 10,3 отсто

6.Големопродажб 10,2 отсто

7.Менаџмент 9,9 отсто

  1. Индустриско производство 9,7 отсто

9.Земјоделство, шумарство, лов, риболов 9,4 отсто

10.Недвижности 9 отсто