Десет работи кои ги нервираат хороскопските знаци

Не е возможно да се нервираш, понекогаш и најмала ситница може да не’ извади од такт.

Ако не сакате вие или Вашите драги да се нервираат прочитајте што го прави секој хороскопски знак неворзен.

Овен

– Турканици во автобус, редици од луѓе кои чекаат во ред или гужви

– Игнорирани телефонски повици

– Бавни мобилни телефони

– Заробени животни во кафези

– Напорни луѓе на социјалните мрежи

– Луѓе кои никогаш не ја кажуваат поентата

– Луѓе кои не знаат да танцуваат

– Јавен превоз кој доцни

– Луѓе кои никогаш не се облечени во склад на настанот

– Кантри музика

Бик

– Фалбаџии

– Постојан неред

– Искината и неиспеглана облека

– Луѓе кои не знаат да готват

– Игнорирање пред други луѓе

– Јавно, гласно зборување

– Луѓе кои не користат дезодоранс и парфем

– Кога некој се обидува да се шегува на нивна сметка

– Ситуации кога не се чувствуваат доволно паметно

– Брза храна

 

 

Близнаци

– Луѓе без смисла за хумор

– Кога се изоставени од центарот на вниманието

– Часовници кои не работат

– Неквалитетно вино

– Неудобни чевли во кои не може да одат

– Луѓе кои зборуваат речиси нечујно

– Луѓе кои се движат премногу бавно

– Вечни песимисти

– Зависници од било какви пороци

– Апарати и справи кои не работат

Рак

– Премногу топлина

– Волнена облека што ги тера на чешање

– Спиење на тросед

– Луѓе кои доаѓаат прерано на договореното место

– Луѓе кои не знаат да се облечат

– Кога се критикувани

– Насилни филмови

– Неблагодарни деца

– Нечисти очила за сонце

– Луѓе кои го крадат центарот на вниманието

 

Лав

– Луѓе кои имаат подобар стил од нив

– Луѓе со подобри автомобили од нивните

– Кога се игнорирани

– Кога чувствуваат љубомора

– Студено време

– Влажно време

– Кога мораат да одат на црковни ритуали

– Кога се на работа додека времето е сончево

– Кога некој им кажува да се смират

– Кога флертувањето не им успева

Девица

– Неуредни или неорганизирани луѓе

– Невозвратени телефонски повици

– Луѓе без часовници

– Луѓе кои не ги пријавуваат даноците

– Луѓе кои не им враќаат на пораките

– Целодневно седење на Facebook

– Граматички грешки

– Луѓе кои пцујат

– Емоционални сцени

– Стенд ап комичари и изведби

Вага

– Луѓе кои им кажуваат да се стишат

– Луѓе кои не јадат брза храна

– Ѓубре

– Луѓе кои кинат цвеќиња

– Луѓе кои се сурови кон животните

– Луѓе кои не возвраќаат телефонски повици и пораки

– Авантура за една ноќ

– Неуредна коса

– Зависници

– Лоши родители

Скорпија

– Луѓе кои никогаш не го враќаат она што го позајмиле

– Љубовници кои глумат оргазам

– Со сила предизвикана љубомора

– Кога некој ја врши работата подобро од нив

– Непристојно јадење

– Озборувања во кои тие се главна тема

– Да бидат обвинети за неверство, па дури и кога навистина биле неверни

– Луѓе кои со сила ја следат модата

– Видовити луѓе кои ја претскажуваат иднината

– Тоа што не можат да го искористат местото за хендикепирани, а е празно

Стрелец

– Јавен превоз кој доцни

– Кога немаат средства да летаат во прва класа

– Сопатници кои страдаат од морска болест

– Луѓе кои претерано многу се жалат

– Луѓе кои се плашат од ризици

– Кога некој ќе им каже дека не знаат да штедат

– Луѓе кои очекуваат да бидат точни до минута

– Изгубен багаж при патување

– Мачење животни

– Кога некој постојано зборува за кршењето на човековите права

 

Јарец

– Кога луѓето трошат пари непотребно

– Луѓе кои живеат од заем

– Луѓе кои не го враќаат заемот на време

– Родители кои не знаат да ги воспитаат своите деца

– Луѓе кои не го почитуваат сопствениот збор

– Луѓе кои ги оставаат работите отворени

– Поетски читања

– Луѓе кои сакаат да се возат на туѓа сметка

– Кога треба да ги остават децата сами дома

– Несредена коса

Водолија

 

– Луѓе кои се облекуваат монотоно

– Брза и нездрава храна

– Да се навраќаат на минатото

– Беспотребни озборувања

– Луѓе кои не се практични

– Луѓе кои ја оставаат нечистотијата од своите миленици

– Недостаток на лојалност

– Да бидат изоставени од било каква активност

– Да си ги извалкаат рацете, во буквална смисла

 

Риби

– Премногу топло време

– Кога ќе ги загубат очилата

– Пиењето нездрава и загадена вода

– Луѓе кои се смеат гласно и непристојно

– Луѓе кои не знаат да дискутираат

– Алкохоличари

– Да им биде забрането да ги гледаат своите најмили, од било која причина

– Ако се приморани да носат очила со диоптер

– Автомобили кои се прескапи и трошат премногу

– Луѓе кои возат бавно и претерано ги почитуваат знаците

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.