Десет руски граничари се удавија

Дест руски граничари загинаа во несреќа на море, недалеку од Јужните Курилски острови, јавија руските медиуми.

Медимуите наведуваат дека патролата на граничари со гумен чамец во водите недалеку од Јужните Курулски острови отишла во проверка на брод, кога ги првертел голем бран. Никој од граничарите не успеал да стигне до брегот кој бил оддалечен околу 500 метри.

Руски бродови и хеликоптер трагаат по евентуални преживеани и до сега се пронајдени четири тела.

Областа во која се случи несреќата е позната по силните подводно струи.

Според извештаите, несреќата се случила бидејќи граничарите не ги почитувале безбедносните правила и не носеле појаси за спасување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.