Десет Сиријци осомничени за самоубиствениот напад во Истанбул

Турскиот суд го продолжи притворот за 10 Сиријци, осомничени за самоубиствениот напад во Истанбул во вторникот, при што загинаа 10 германски туристи.

Вкупно 17 државјани на Сирија вчера беа изведени пред суд во Истанбул под сомнение дека се поврзани со напаѓачот. Шестмина од нив беа ослободени со кауција.

Турските власти соопштија дека извршителот на нападот бил сириски државјанина поврзан со Исламска држава.

Ниту една група досега не презеде одговорност за нападот.