Десет сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

сообраќајки

Како што информира за МИА самостојниот инспектор во СВР Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција открила и санкционирала 13 возачи кои се движеле со возилото со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и четворица возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 30 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 49 возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.