понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Десет сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Од нив, четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Последни вести

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 32 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење, седум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, односно не отстапиле првенство на минување на обележан пешачки премин, како и шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Санкционирани се и 20 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 77 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Живко Брајковски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Бутел, со учениците од четврто одделение.

Поранешните вработени во „Алумина“ денеска со почеток во 11 часот и 45 минути ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија.

Здружението на граѓани утре со почеток во 12 часот ќе одржи манифестација „Возење велосипеди“. Учесниците на оваа манифестација ќе започнат да се движат од „Жена парк“, по ул. „Димитрие Чупоски“, десно по ул. „Даме Груев“ во продолжение по бул. „ВМРО“, лево по бул. „Илинден“, десно по ул. „Наум Наумовски Борче“ до влезот на Градскиот парк кај „Школка“.

Во недела со почеток во 17 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одиграат два меѓународни натпревари помеѓу РК Вардар и Кристијанштад, Шведска и ЖРК Вардар и Будуќност, Црна Гора.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот

Најчитани вести