вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 21

Десет сообраќајки вчера во Скопје – повредени деветмина

soobrakajka-2

Поврзани вести

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди.

Извршен бил увид на 9 сообраќајни незгоди од кои 4 со последица материјална штета, 9 со последици телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле 9 лица. Се случила и една незгода со непознат сторител.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број прекршоци при што санкционирани се: 3 исклучени возачи кои управувале патничко моторно возило под дејство на алкохол, 7 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, 8 лица кои управувале патничко моторно возило без возачка дозвола, еден возач кој поминал на црвено светло на семафорите, а 9 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Затекнати се и 11 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, не го носеле заштитниот шлем.

Најчитани вести