Десет сообраќајки во Скопје за 24 часа

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на моторно товарно возило, еден возач на мотоцикл и еден сопатник.

Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца велосипедисти.

Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 36 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Пет возачи не ги почитувале правилата за првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и пет  возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 79 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Братство“ кое се наоѓа во Тафталиџе, општина Карпош, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.