Десет сообраќајки во изминатото деноноќие во Скопје

Вкупно 10 сообраќајни несреќи се случиле изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од кои една со тешки телесни повреди.

Во сообраќајната несреќа тешко е повреден возачот, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници.

Покрај ова се случиле и три сообраќајќи во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи и еден пешак, а шест се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден открила девет возачи кои возеле под дејство на алкохол, 12 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 20 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница и не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и девет пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 60 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Едукативни работилници ќе се одржат во основното училиште „Кирил и Методиј“ во општина Гази Баба.

Од СВР Скопје информираат дека за денеска од 14 часот пред Владата е најавен протест во организација на Студентскиот пленум, а во 13:30 часот во организација на Советот на родители на основните училишта „Емин Дураку“ и „Дрита“ ќе се одржи протест на излезот од Скопје на улицата „Ѓорче Петров“ кај мостот за Сарај.

По повод новогодишните празници во недела во 11:30 часот ќе се одржи трка на Дедомразовци по сообраќајниците во централното градско подрачје. Трката ќе започне пред хотелот „Стоун бриџ“ по улицата „11 Март“, лево по булеварите „Гоце Делчев“ и „ВМРО“, улицата. „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрија Чупоски“, лево по улицата „Македонија“ до плоштадот „Македонија“.

за недела со почеток во 17:45 часот во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се одржи и пријателски ракометен натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Израел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.