Десет стипендии за изучување на словачки јазик во Братислава

Министерството за образование и  наука ги информира студентите, дека за академската година 2014/2015 можат да аплицираат за стипендии за подготвителен курс по словачки јазик на Универзитетот Комениус во Братислава. Десетте стипендии по словачки јазик ги доделува Владата на Република Словачка.

Курсот е во времетраење од десет месеци, а вклучува и подготовки за полагање на квалификационите приемни испити на универзитетите во Словачка.

Месечната стипендија е во висина од 280 евра, а на студентите ќе им бидат покриени трошоците за сместување, исхрана и други поврзани трошоци.

По завршувањето на подготвителниот курс, студентите ќе го имаат истото право и услови како словачките студенти при запишување на факултет.

Аплицирањето за стипендијата е до 30 мај, а потребните документи треба да се достават во Министерството за образование и наука.

Подготвителниот курс започнува на 3 септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.