недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Десет тајни на богатите луѓе: Едноставни совети за успех

Сите мислиме дека ним богатството им паднало од небо, но тие знаат некои мали тајни што им помогнале да успејат во животот. Според милионерот Даниел Али клучен е начинот на кој размислувате за парите и управувањето со нив. Затоа „Бизнис инсајдер“ напиша совети што богатите луѓе никогаш не ги прават кога станува збор за личните финансии.

mazz

Поврзани вести

Сите мислиме дека ним богатството им паднало од небо, но тие знаат некои мали тајни што им помогнале да успејат во животот. Според милионерот Даниел Али клучен е начинот на кој размислувате за парите и управувањето со нив. Затоа „Бизнис  инсајдер“ напиша совети што богатите луѓе никогаш не ги прават кога станува збор за личните финансии.

  1. Не инвестирате во себе

Првиот американски милионер Бенџамен Френклин беше познат по изреката: „Инвестицијата во знаењето ги дава најдобрите камати“. Кога станува збор за едукација и усовршување денес поголемиот број на вработени луѓе зависат од работодавачот, односно од тоа колку ќе ги праќаат на семинари, работилници и курсеви. Доколку навистина сакате да напредувате, треба да го земете вашето образование во ваши раце. Вложувајте во себе!

  1. Премногу се забавувате

Според некои истражувања, за повремено да побегнат од реалноста поголемиот број луѓе во Америка на забава трошат од 30 до 50 отсто од заработката. За разлика од нив, богатите луѓе своето време и пари ги трошат за да ги остварат сопствените соништа. Треба да си допуштите одредена доза забава себе си, но претераната забава е губење на скапоценото време и на пари.

  1. Купувате на рати

Голем број луѓе се задолжуваат и купуваат на кредит работи што инаку неможат да си ги приуштат, а се со цел да ги импресионираат другите луѓе, и тоа воглавно оние што од некоја причина не им се допаѓаат. Ова финансиско „самоубиство“ брзо доаѓа за наплата, оставајќи безнадежно чувство кога поривите за купување ќе се заборават, а за наплата ќе дојде долгот зголемен за каматата. Оние што сакаат нешто да стекнат, не се задолжуваат за да ги закрпат тековните трошоци, туку за да ја подобрат својата работа.

  1. Кријете важни работи од сопружниците

Милиони брачни двојки воопшто не разговараат за парите. Тоа не е паметно. Не може да се оствари просперитет доколку сопружниците не се отворат и јасно со партнерот не ги дефинираат финансиските цели. Парите во бракот или во врската се умножуваат само кога постои доверба и разбирање околу домашниот буџет.

  1. Земате кредит за куќа или за стан

Кредитите за финансирање недвижности водат во бескрајно отплаќање рати, рефинансирање и страв од зголемување на каматите, а со тоа и на ратите на кредитот. Кога некој ќе земе кредит за куќа или за стан, се одлучил за нешто да плати дупло повеќе отколку што е реалната цена. Богатите луѓе изнајмуваат недвижности де додека не бидат во можност со готовина да платат куќа или стан.

  1. Чекате традиционално пензионирање

Најчитани вести