Десет турски војници се убиени во судири со бунтовниците од ПКК

Десет турски војници загинаа во судири со бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) и во уривањето на воен хеликоптер, кој следеше потоа во округот Хакари во југоисточна Турција, соопшти турската армија.

Во соопштението се прецизира дека во судирите со борците од ПКК доцна синоќа биле убени осум војници. Во судирите има и ранети војници.

Воен хеликоптер, испратен подоцна во регионот се урнал поради техничка неисправност, при што загинале двајцата пилоти.

Во судирите во Хакари се убиени и шестмина борци од ПКК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.