Десет убиени во бомбашки напад во џамија во Нигер

Три жени самоубијци се разнеле ноќеска во џамија на југоисток на Нигер и убиле десетмина верници кои се собрале на паузата на постот за време на рамазан, информираше портпаролот на војската.

Нападот е извршен во градот Дифа, во близина на езерото Чад и границата со Нигерија, Чад и Камерун.
Во ова подраќје дејствуваат две фракции на милитантната група „Боко Харам“ која се бори за воспоставување на исламистичка држава во овј регион.