Магазин

Десет знаци дека шефот не ве сака

Десет знаци дека шефот не ве сака

Кога вашиот шеф ве симпатизира многу е полесно да ги изнесете вашите идеи и вашето мислење. Нема нервоза и стрес, па затоа продуктивноста на вработениот е поголема. Но, ако шефот не ве сака, тогаш тоа може да предизвика голем број проблеми.

Размислете за овие десет знаци и сами заклучете дали вашиот шеф ве сака или не?

Десет знаци дека шефот не ве сака
Десет знаци дека шефот не ве сака

Имате претчуство

Ако имате лошо претчувстви дека надредениот не ве симпатизира, често може да се случи да бидете во право. Доколку ве третира поинаку од останатите, веројатно не сте му најомилената личност на работното место. Понекогаш треба да и верувате на интуицијата.

Не ве вклучува во донесувањето битни одлуки

Ако никогаш не ве прашува, или воопшто не го уважува вашето мислење, можно е вашиот шеф да нема доверба во вашите способности.

Не може да го издржи контактот со очите

На вашиот шеф ќе му биде тешко да ве гледа во очи доколку ви замерува за нешто или ви е лут. Најверојатно чувствува нелагодност затоа што стравува од можноста дека ќе ја препознаете непријателската енергија што доаѓа од негова страна.

Никогаш не ви се смее

Сериозниот израз на лицето и избегнувањето на пристојната, колегијална насмевка исто така може да биде еден од знаците дека вашиот шеф не ве симпатизира.

Ве избегнува

Кога ќе се сретнете пред лифтот, тој оди по скали? Распоредот го подготвува така што речиси никогаш не сте заедно на смена? Почесто со вас комуницира на меил, отколку во живо? Тоа би можело да бидат знаци дека нешто не е во ред.

Не се согласува со вас

Надредениот што секогаш се спротивставува на вашите идеи, предлози или критки, најверојатно не ви е премногу наклонет.

Не го интересира вашиот приватен живот

Доколку сте забележале дека на сите им говори за приватниот живот, семејството или неговото хоби, а со вас строго за теми за работата – тогаш постои голема шанса да не ве симпатизира.

Ви доделува задачи со кои никој несака да се занимава

Доколку надредениот системски ви ги распределува задачите што се под вашите можности и на тој начин ги омаловажува вашите вештини и способности – без разлика тоа што можеби веќе сте му укажале на тоа, тоа би можело да биде показател дека шефот не ве сака.

Не ви дава повратна информација

Или не ви ги дава повратните информации или само ви дава негативни коментари за трудот што сте го вложиле за извршување некоја задача. Не го почитува и не го цени вашиот труд и заложбите на работното место, па ретко ве охрабрува и ве поттикнува со позитивни коментари.

Немаат трпение

Ако сте забележале дека со другите колеги мошне внимателно расправа и слуша се што тие имаат да кажат, а кога сте вие во прашање има мошне малку концентрација и трпение, можно е едноставно да не ве сака.