Десет жртви во поплавите во Луизијана

Бројката на загинатите во катастрофалните поплави во американската држава Луизијана се искачи на десет лица, пренесе ТАСС.

Од зоната на катастрофата евакуирани се над 30 000 жители, а оштетени се 40 000 домови.

Гувернерот на Луизијана Џон Едвардс оцени дека овие поплави се најкатастрофалните во историјата на државата. Минатиот петок во Луизијана беше воведена вонредна состојба.

Поради поројни дождови повеќето од реките во државата се прелееја од коритата и така дојде до поплави во голем број градови.

Американската администрација најави итно финансирање за државата погодена од големата поплава.