Десетгодишнина од терористичкото злосторство во Беслан

Денеска се навршуваат 10 години од крвавата трагедија во Беслан, Северна Осетија, каде терористи запоседнаа зграда на локално училиште, пишува весникот „Росискаја Газета“, пренесува Нетпрес.

На денешен ден, 2004 година,  првото училишно ѕвонче стана и последно за 186 деца и 148 возрасни. Први септември 2004 година,1 септември 2004 е датумот на кој повеќе од 1.200 деца, родители и учители станаа плен на чеченските терористи.

Во спортската сала на училиштето, тие минаа три дена како залошници на терористите. Без храна и без вода. Први беа стрелани мажите и учениците од повисоките класови. Третиот ден, никој од простанатите заложници не веруваше дека ќе преживее.

beslan1

Во акцијата за ослободување на заложниците беа убиени 12 припадници на специјалните руски единици и еден локален жител. Ранети беа 810 лица, меѓу кои и заложници и припадници на руските безбедносни сили.

Сите чеченски терористи биле убиен, додека само еден бил жив заробен.