Десетгодишно девојче прегазено во Белград, возачот избегал

Десет годишно девојче е повредено утрово во Белград, кога на неа налетал автомобил Пежо 206 и ja удрил додека поминувалa улица. Девојчето има повреда на главата и на десната рака и со Брза помош веднаш било префрлено на Ургентниот центар во Белград.

– Несреќата се случила околу 7:50 часот утрово. Полициската екипа веднаш излезе на терен, девојчето било свесно, но не можело да раскаже што се случило, изјавиле од полицијата.

Во моментот на несреќата семафорите не работеле, а возачот на автомобилот побегнал од местото на настанот.