вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Десетгодишно дете се бори за живот по страшната сообраќајка во Гостивар

Десетгодишно дете се бори за живот по страшната сообраќајна несреќа во Гостивар, кога комбе кое превезуваше ученици падна во провалија. Како што пишува Дневник состојбата на детето сеуште е критична.

brza-pomos500

Поврзани вести

Десетгодишно дете се бори за живот по страшната сообраќајна несреќа во Гостивар, кога комбе кое превезуваше ученици падна во провалија. Како што пишува Дневник состојбата на детето сеуште е критична.

Таткото на девојчето за Дневник кратко изјавил дека сега останува само да се молат за неговата ќеркичка. Детето е на апарати за дишење и е во неконтактибилна состојба.

Инаку, според неговите зборови, комбето кобниот ден се вратило наназад за да се размине со автомобил од другата лента, и така паднало во провалија.

За потсетување, со комбето управуваше 47-годишниот К.М. а несреќата се случи во 12 часот и 30 минути. Во несреќата настрадале десет деца и две возрасни лица.

Докторите се борат за животот на малото девојче.

Најчитани вести