Десетици килограми отпад изваден од Мавровско езеро

Десетици килограми пластичен и метален отпад е изваден при подводното чистење на Мавровското езеро кое се случуваше викендов.

Нуракчите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ лоцираа и извадија шишиња, пластични ќеси, метални конзерви од пијалоци и храна, рибарски мрежи и многу друг ситен смет ос езерото.

Се чистеше на локацијата „Црн камен“ помеѓу селата Леуново и Никифорово, а поддршка на оваа акција дадоа и заменик- министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, градоначалникот на општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово.

Проектот за чистење на речните и езерските сливови на територијата низ државата е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а за оваа година се планирани вкупно 10 вакви акции.

Следни за чистење, како што најави Кире Ангелески, претседател на спелеонуркачкиот клуб Врело, се езерото Матка, Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.