Десетици патишта во Романија се затворени поради лошото време

Околу 5.000 романски војници беа мобилизирани за да го расчистат снегот по патиштата на Романија по формирањето на снежна покривка со висина од околу половина метар, пренесуваат локалните медиуми.

Десетици патишта во Романија, вклучувајќи ги и трите главни автопати, беа затворени поради снежната бура. Железничкиот сообраќај исто така е во застој. Засега источниот и јужниот дел на земјата се најтешко погодени од снежните врнежи.

Обилните снежни врнежи и силните ветрови беа причина за прекин на електричбата енергија во 27 области во близината на главниот град Букурешт.

Во меѓувреме, автопатите се затворени, за да се спречи метежот на патиштата кон Букурешт.

Во многу делови на Романија училиштата денеска и утре ќе бидат затворени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.