Десетици погинати во напади околу аердромот во Триполи

Либиската привремена влада соопшти дека 22 лица поогинале во текот на борбите за контрола на аеродромот над Триполи.

Во соопштението е наведено дека вооружените групи гранатирале цивилни цели со што загрозиле илјадници луѓе, а приморале и стотина семејства да ги напуштат своите домови, соопштува АП.

Либија е зафатена од најтешкиот бран на насилство по 2011 година кога е убиен долгогодишниот диктатор Моамер Гадафи.