Свет

Десетици торнада регистрирани во централниот дел од САД

Десетици торнада регистрирани во централниот дел од САД

Централниот дел на САД беше погоден од десетици торнада кои уништуваа куќи и автомобили. Поради поројните дождови регистрирани се и поплави.

Во сојузните држави Канзас, Небраска, Тексас и Оклахома регистрирани се најмалку 29 торнада. засега нема извештаи за човечки жртви, а најмногу материјална штета е предизвикана во Оклахома Сити.

Градот беше погоен од две бури во ист ден. Уништени се куќи, автомобили и предизвикан е прекин на снабдувањето со електрична енергија. За првпат во градот е издадено предупредување за поплава откако наврнаа 15 сантиметри дожд.