Десетина илјади Христијани бегаат од северот на Ирак

Десетина илјади луѓе, претежно Христијани, приморани се денеска да бегаат од северниот дел на Ирак, бидејќи сунитските екстремисти во текот на ноќта го зазедоа Каракош, најголемиот христијански град по Мосула.

Калдејскиот надбискуп Киркук и Сулејман, Џозеф Томас изјави дека граѓаните бегаат од Каракош и околните места на Тал Каиф кои сега се под контрила на сунитските екстремисти од исламските држави Ирак и Ленат.

„Тоа е катастрофа, трагична ситуација. Десетина илјади луѓе се протерани од своите куќи и знаеме што се случува, “ изјави Томас и додаде дека 99 отсто од жителите чиј број изнесува 50 илјади се Христијани.

Исто така стотина христијански семејства кон средината на јули пребегнаа од Мосул, по ултиматумите на сунитските екстремисти кои го контролираат тој град на северот на државата.Екстремистите воведоа строг шеријатски закон на подрачјата кои ги контролираат, со закана дека ќе го убијат секого што не ги почитува . На Христијаните им наложија или да се исламизираат или да го напуштат подрачјето кое е под нивна контрола.