Десетина полицајци повредени во протестот пред Владата

Десетина полицајци и еден фоторепортер се повредени, откако дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата на протестот пред Владата на Република Македонија, пишува Нова Македонија.

Полицајците успеаја да ги истуркаат граѓаните до булеварот „Свети Климент Охридски“, и покрај тоа што учесниците на протестот возвратија со шипки и со стаклени шишиња, во обидот да се пробијат до владината зграда. Каменувани се и две возила на Министерството на внатрешни работи.

Постојано пристигнува ново полициско обезбедување, а се зголемува и бројот на присутни граѓани.