Десетина повредени во голем пожар во зграда на Менхетен

На Менхетен се урна станбена зграда при што најмалку десет луѓе се повредени. Причина за несреќата била експлозија на гас што предизвикала пожар и уривање на првите неколку спратови.

Њујорк пост наведува дека повредени се најмалку 30 луѓе додека пожарникарската служба тврди дека цифрата е 12. Тројца од повредените се во критична состојба.

Експлозијата предизвикала делумно уривање на зградата и потоа голем пожар во зградата на Ист вилиџ. Пожарот зафатил две згради и во негово гаснење биле ангажирани 120 пожарникари. На местото на несреќата биле вкупно 250 пожарникари бидејќи постоела опасност од уривање на уште еден објект, јавуваат американски медиуми.