Десетина уапсени за поврзаност со терористите од Париз

Француската полиција во текот на минатата ноќ уапси дестина лица во парискиот регион, само една недела по терористичките напади во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Уапсените, според судски извори, се поврзани со тројцата терористи кои минатата недела убија 17 лица.

Тие ќе бидат сослушувани за нивната „можна логистичка поддршка“ на терористите, посебно во снабдувањето со оружје и обзбедувањето автомобили.

Полициски извори за француските медиуми потврдиле дека на осуммина од упасените лица веќе име е изречена мерка притвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.