четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Десетмина обвинети во случаите на СЈО остануваат без пасош

apelacija

Последни вести

Апелацискиот суд во Скопје денеска ги објави одлуките донесени по жалбите на 10-тина обвинети во случаите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство.

Жалбите на обвинетите се одбиени како неосновани и согласно тоа без пасош остануваат поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ – Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ и поранешниот директор на јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски. Без пасош остануваат уште петмина обвинети во случаи покренати од СЈО.

Претходно, беше одбиена и жалбата на новинарката Ивона Талевска, како и на обвинетите во случајот „Тортура“ меѓу кои е поранешниот началник на Алфите Ивица Анчевски – Пуки и уште четворица полицајци-алфи.

Најчитани вести