Десетмина застрелани, еден убиен на кошаркарско игралиште во Детроит (ВИДЕО)

Десет лица беа застрелани, од кои еден човек почина, откако непознат напаѓач отвори оган за време на забава на кошаркарско игралиште во Детроит, државата Мичиген, на која присуствувале околу 400 лица.

Порталот „Детроит фри прес“ посочува дека еден од повредените е во критична здравствена состојба. Лицето што почина било на возраст од 21 година и бил погоден неколку пати.

Причината на пукотницата засега не е позната, соопшти полицијата, без да посочува детали. Не е познато ниту дали бил отворен оган од возило во движење или некој пришол кон младите кои се забавувале и почнал да пука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.