Свет

Десетта жртва на пожарот во Калифорнија

Десетта жртва на пожарот во Калифорнија

Пожарникар мобилизиран поради пожарот на северот од американската сојузна држава Калифорнија, смртно настрадал во четвртокот утрото по локално време, соопштија локалните власти, со што бројот на жртвите на огнената стихија која разорува од средината на јули нарасна на десет.

Управата на калифорниските противпожарни служби во соопштението истакна дека со тага објавува за смртта на техничар со тешка противпожарна опрема. Загинал во четвртокот утрото во сообраќајна несреќа на Автопатот 99 во окргугот Треама, се прецизира.

Пожарот Кер кој избувна на 23-ти јули во близина на градот Рединг, однесе досега осум животи, меѓу кои тројца се пожарникари. Уништи близу 72.000 хектари и само 48 отсто од зафатената површина е под контрола според последните податоци на противпожарната служба.

Уште двајца поражникари смртно настрадаа последните седмици во пожарот Фергусон кој избувна малку појужно, и предизвика делумно затворање на националниот парк Јосемити.

Пожарот Мендосино Комплекс кој има две жаришта на северот од државата, во понеделникот навечер стана најголемиот пожар во поновата историја на Калифорнија. Овој пожар во четвртокот утрото се простираше на повеќе од 123.000 хектари, и само 51 отсто е под контрола.