Десетте најголеми лаги на порталите на СОРОС

Порталот „Курир“ ги сублимира 10-те најголеми лаги чиј интензитет и објавување продолжува во тесен натпревар меѓу порталите контролирани од СДСМ и СОРОС, кој ќе измисли поголема лага.

1. Пишуваа дека е повредено дете во акцијата на специјалците, трет ден по завршувањето на акцијата нема пријава за било каков повреден цивил.

2. Тврдеа дека во престрелката се застрелани дете и мајка, се испостави дека е уште една голема лага.

3. Бранко Героски тврдеше дека терористите се всушност обични граѓани по тренерки и патики, а се испостави дека не само што најголемиот дел се со униформи на УЧК, туку и дека располагаат со тешко формациско оружје со кое се пукаше врз полицајците.

4. Плусинфо тврдеше дека има пукање во Арачиново, па потоа во оделна вест дека има и во Тетово, уште една лага со која порталот на СОРОС и СДСМ внесе немир и го наруши спокојот на граѓаните.

5. Тврдеа и превземаа вести за време на акцијата дека има терористичка група во Зајас и дека таа паралелно ке започне акција, од тоа се испостави дека нема ништо точно.

6. Порталите на СОРОС и СДСМ тврдеа дека упадот на терористите во Гошинце е “режирано сценарио”, а денес полицијата објави дека не само што нема никаква режираност, туку дека разбиената терористичка група го сокрила оружјето кое го запленила од упадот.

7. Плусинфо тврди дека Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков биле викнати на “рибање“ во една странска амбасада, што е уште една ноторна лага далеку од вистината. Тие тоа време биле на своите работни места.

8. Наводното контактирање на службеници од Петтата управа со терористите е уште една измислица. Ако некој контактирал со терористите, зошто тогаш тие се предале во поголемиот дел.

9. Досега најмаку 5 пати, а и вечерва Плусинфо шпекулираше со излегување на ДУИ од Владата, но тоа не се оствари.

10. Плусинфо најмалку десеттина пати ја подгреваше еуфоријата на СДСМ дека Владата ќе падне брзо по само три дена од објавувањето на бомбите на Заев. Уште една лага во низата. Поминаа 4 месеци, а Владата и понатаму е со убедлива поддршка од граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.