Десетте најпосетувани места во САД

Фејсбук ги објави десетте најчесто посетувани места во 2014 та година во САД. Ова се местата каде луѓето најчесто се фотографирале и рекле „Овде сум!“.

10. Медисон Сквер Гарден

medison

Едно од местата што се најчесто споделувани на Инстаграм годинава е Медисон Сквер Гарден.

9. Булеварот на Славните во Холивуд

holivud

На ова место ретко можат да се видат локални жители. Доколку продолжите да чекорите напред ќе стигнете до тајландската четврт во Холивуд каде може да ја вкустите најдобрата тајландска храна надвор од Азија.

8. Лас Вегас булевар

las_vegas

Можете да отседнете во хотелот Skylofts кој е познат по погледот што го нуди на познатиот булевар со казина (препорачан од легендарниот Ди џеј Тиесто) или да се напиете топол чај за времето на Кинеската церемонија за чај во Mandarin Oriental, но не заборавајте да излезете од булеварот и да уживате во скриените богатства на Лас Вегас.

7. Јенки Стадион

jenki

Овој безбол стадион ги надмина сите други стадиони годинава. Ако некогаш се најдете таму задолжително треба да пробате од познатите сендвичи.

6. Национален парк Јелоустоун

jeloustoun

Иако поголемиот број национални паркови во зима остануваат празни, тоа не е случај и со националниот парк Јелоустоун. Без разлика на тоа дали сте љубител на зимските спортови или сакате само да уживате во убавата глетка, веднаш ќе ви стане јасно зошто овој парк е на листата на места што мора да се посетат за многу луѓе.

5. Национален парк Големиот кањон

grand_kanjon

Можете да го гледате кањонот од стаклената тераса која е поставена на височина од 1 220 метри или да се прошетате низ пешачките патеки во внатрешноста на кањонот.

4. Национален парк Јосемити

josemiti

Националниот парк Јосемити го слави 150-иот роденден. Во овој парк има повеќе места каде можете да се одморите, да вечерате или да се напиете коктел по долгите прошетки.

3.Тајмс сквер

tajmss

Тајмс сквер е плоштад во Њујорк кој постојано е преплавен од туристи. Годинава се отвори хотелот citizenM каде сите турсти може да отседнат.

2. Универзал студио во Холивуд

univerzal

Некои луѓе мислат дека Лос Анџелес наликува на паркиралиште за автомобили кое е сосема пополнето, но во овој град можете да се движите и без автомобил. Кога сакате да ги посетите студијата на Универзал можете тоа да го направите и со метро.

1. Парковите на Дизни

dizni

Забавата во парковите на Дизни е нешто во што уживаат и возрасните и децата. Сепак, најпознатата и највеселата франшиза во Светот, барем според Фејсбук се најде на првото место на најатрактивни места за посетителите во САД.