Десетте правила за убавина на Адријана Лима

Парфемот треба да го следи вашето расположение

Кога бирам парфем, се определувам за мирис што кај мене ќе предизвика некоја емоција или реакција. Воглавно дрвенестите тонови ми предизвикуваат некои еротски сништа, ме прават ултра секси, додека цветните мириси ме потсеќаат на сонце, море, времето кога сакам да се забавувам.

Адријана Лима вежба
Лима: Потењето е здраво и препорачливо

Дозволете си да уживате во грицки

Мојата исхрана воглавно се состои од внесување големи количества протеини затоа што интензивно вежбам и тоа бара доста сила и напор. Потребна ми е храна што ќе го надомести потењето во целост. Покрај себе секогаш имам суво и свежо овошје, како и протеински плочки што може да ги изедам кога ќе бидам гладна. И да, не се одрекувам од црната чоколада. Дневно мора да изедам една табла.

Потењето е пожелно и препорачливо

Доколку не се потите, неможете да ја исчистите вашата кожа и телото од токсини. Имам среќа што прилично се потам додека вежбам, но прилично брзо ми се враќа и хидратацијата па затоа имам убава кожа. Исто така препорачувам да почнете да користите месла затоа што кожата, барем кај поголемиот дел од луѓето подобро ги впива маслата од стандардните креми.

Негата на лицето е еднакво важна како и негата на косата и телото

Направете си услуга себе си и барем еднаш месечно одете на масажа, ставете маска на лице и посетете педикир, маникир…

Лима на ревијата на Викторија Сикрет
Лима на ревијата на Викторија Сикрет

Внесувајте доста течности

Пијам доста вода, но кога се заморувам премногу, тогаш практикувам да внесувам зелено смути или еспресо.

Среќата дефинитивно е главен фактор за убавина

Тоа секогаш им го говорам на моите девојчиња. Смејте се и бидете среќни и нема да ви треба никаква шминка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.