четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Десетте тајни на ангелите на Викторија Сикрет

v-s-16

Поврзани вести

Светската јавност сеуште е под импресии од годишната ревија на брендот Викторија сикрет која се одржа пред два дена во Њујорк. По тој повод еве десет помалку познати факти за овој бренд како и за неодоливите ангели.

1. Лили Олриџ ја имаше честа да го носи најскапиот градник на пистата годинава. За неговата изработка биле потребни 685 часа и повеќе од 6.500 скапоцени камења. Неговата вредност се проценува на два милиони долари.

najskap-gradnik-1

2. Која е Викторија од името на овој моден бренд? Се работи за кралицата Викторија, затоа што првите продажни салони на овој бренд биле дизајнирани да личат на викторијански будоари. А која е нејзината тајна? Тоа најверојатно никогаш нема да го дознаеме.

v-s-shop

3. Покрај напорните тренинзи, Ангелите имаат свои трикови во последен миг, благодарение на кои телото им изгледа совршено кога ќе излезат на писта. Адријана Лима, на пример, не внесува течности 12 часа пред ревијата.

vezbi-adrijana-lima

4. Од цифрата што организаторите ја издвојуваат за ревијата ќе ви се сврти во главата. Медиумите шпекулираат дека се работи за повеќе од 15 милиони долари наменети за осветлување, декорација, модели, музчики изведувачи…

lima-viktorija

5. Сепак, таа цифра не е ништо во споредба со заработката, која надминува неколку милијарди долари годишно…

v-s-naslovna

6. Ако некогаш ве интересирало како се станува модел за Викторија сикрет, треба да знаете дека совршеното тело и привлечните црти на лицето не гарантираат успех. Дури 98 отсто од жените треба да ве сметаат за привлечни за да бидете земени во предвид при изборот на Ангелите.

500victoria-secret-1

8. Адријана Лима и Алесандра Амбросио се дел од оваа луксузна модна куќа цели 14 години колку што постои. Овие убавици како да не стареат.

v-s-20

9. Дури ниту холивудските убавици неможат лесно да станат ангели, без разлика на тоа дали сакаат. Ед Разек, шеф на маркетингот на компанијата, неодамна откри дека секојдневно ги одбиваат барањата на славните ѕвезди што се подготвени да станат нивни модели.

v-s-18

10. Секоја година на ревијата се претставува по еден градник чија што вредност е поголема од останатите. Сепак, оној што посебно се издвојува беше претставен во 2000-тата, кога Жизел Бундшен се појави во градникот што чинеше повеќе од 15 милиони долари и ја понесе титулата, најскап градник на сите времиња.

v-s-19

Нема многу време за славење и честитки откако ќе заврши ревијата. Вработените во компанијата веднаш почнуваат да работат на ревијата што ќе се одржи следната година. Значи, потребна е цела година за овој моден настан совршено да се организира и да се испланира, а занимливо е тоа што секој модел на ВС треба повторно да помине аудиција.

Најчитани вести