Десетти детски фолклорен фестивал

Во ДОМ на АРМ утре од 19:30 часот, како и на 13.5.2014 година во црквата „Св. Пророк Еремија“ во населбата Пинтија, Општина Кисела Вода со почеток во 19:00 часот, КУД „Никола Јонков Вапцаров“ традиционално ќе го одржи десеттиот по ред детски фолклорен фестивал „Цветови“.

Покрај фолклорните ансамбли од Скопје и КУД „Никола Јонков Вапцаров“, на фестивалот ќе настапат и КУД „Пријепоље“ од Србија, КУД „Џеновичи“ од Црна Гора, КУД „Бисер“ од Кичево, КУД „Бучим“ од Радовиш и  КУД „Кочани“.

Инаку, КУД „Никола Ј. Вапцаров“ ќе се вклучи на манифестацијата најголемото оро во светот за во Гинисови рекорди, каде што ќе учествува со 250 игроорци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.