Десеттина маскирани лица нападнале две момчиња во Скопје

момчиња

Случајот, како што информира денеска МВР, во полиција го пријавил Р.О.(18). Тој на полицијата и кажал дека додека се шетал со неговите другари и соседи Ф.К.(21), еден седумнаесетгодишник и еден петнаесетгодишник, сите од Скопје, биле пресретнати од околу десетина непознати маскирани лица, кои без повод и причина физички ги нападнале Р.О. и седумнаесетгодишникот.

Непознатите ги удирале со раце и нозе во пределот на главата и телото, при што на Р.О. од џебот на тренерката му одзеле 1.000 денари. Ф.К. и петнаесетгодишникот успеале да побегнат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.