Дешамп ги предупреди репрезентативците на Франција

Видно возбуден поради убедливиот триумф на неговиот тим, селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, по натпреварот против селекцијата на Швајцарија изјави дека неговите фудбалери одиграле совршено, но не смеет да се опуштат во последниот натпревар од групната фаза.

„Бевме перфектни, видов многу добри работи во нашето издание против Швајцарија, не смееме да заборавиме дека тоа е многу квалитетен состав. Дадовме пет гола на еден меч, веќе имаме шест бода и се наоѓаме во осминафиналето, но не смееме да се опуштиме. Само поради денешната победа некој сигурно ќе не стави во групата на фаворити, но јас не се сложувам со тоа. Нема потреба од фаворитска улога, мораме да останеме скромни и на секој меч да се обидеме да играме како против Швајцарија“, изјави Дешамп.